Албанка го убила татка си затоа што сакал насила да ја омажи

Албанската полиција упасила девојка од 19 годни која се сомничи дека го убила сојот татко Д.М. Злосторството се случило на 13 февруари, а полицијата дури денеска ја привела ќерката на убиениот, објави Топ Ченал.

„Го убив затоа што сакаше да ме омажи. Немав излез, па зедов пиштол и го застрелав. Сѐ направив сама”, наводно рекла ќерката.

Деталите за ова бизарно злосторство ја шокираа Албанија и регионот. На веста за страшната смрт ѝ претходела потрага по Д.М. Имено, неговиот син Х.М.(25) на 13 февруари околу 22.30 часот се јавил во полиција и рекол дека неговиот татко излегол од станот и дека оттогаш не може да стапи во контакт со него. Четири дена подоцна, на 17 февруари, автомобилот на Д.М., бил пронајден доста далеку од местото на живеење. Набрзо било утврдено дека бил убиен.

Медиумите пишуваат дека телото на Д.М., било пронајдено во неговиот стан, а доказите почнале да укажуваат на неговата 19-годишна ќерка.

По апсењето таа изјавила дека направила сѐ затоа што татко ѝ сакал да ја натера да се омажи, но дека претходно имале несогласувања по бројни прашања. Истрагата за целиот случај се уште е во тек.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.