Албанско момченце грабнато од мајката исламистка вратено во Италија

Алвин Бериша, 11-годишно момченце кое пред пет години беше грабнато и одведено во Сирија од страна на неговата мајка исламистка, вратен е во Италија во петокот и повторно е со таткото и двете сестри.

„Мисијата е извршена. Алвин е дома во Италија“, напиша во твит италијансаката полиција, со фотографија на момченцето на римскиот аеродром Фјумичино.

Бериша живеел во Барзаго, гратче на околу 50 километри северно од Милано, до декември 2014 година, кога мајката го одвела во Сирија каде што ѝ се приклучила на ултрарадикалната сунитска групација Исламска држава.

Претрходно годинава неговиот татко примил порака од Меѓународниот Црвен крст во која бил информиран дека синот е најден во кампот ал-Хол, на североистокот од Сирија, во кој биле заточени и неговите роднини. Таму бил сместен како сирак, бидејќи мајка му загинала во сириската војна.

Италијанските власти започнаа мисија дететот да биде вратено, поттикнати од телевизискиот прилог во кој беше прикажана сторијата. Во потрагата по малиот Алвин се вклучиле и Албанија и Меѓунардониот Црвен крст и Црвената полумесечина.

„Момченцето, коешто зборува арапски и албански, но повеќе не италијански бидејќи го заборавил, беше недоверливо, но секога се смее и се снаоѓа“, изјавила полициската службеничка Марија Хосе Фалкича.