Алексеј Пушков: Крим има право на референдум и самоопределување

Крим има право да спроведе референдум и сам да го определи својот статус. Ова го изјави претседателот на комисијата за меѓународни прашања на Државната дума, Алексеј Пушков, пренесе „РИА Новости“.

„Штом ни велат дека Мајдан може да биде извор на власт, зошто волјата на народот да не може да биде извор на власт и самоопределување за Крим?“, истакнал Пушков.