Алвеш: Бразил не е опседнат со светската круна

Репрезентативецот на Бразил, Дани Алвеш се обиде да ја смири атмосферата со изјавата дека домаќинот на престојниот Мундијал не е опседнат со победничкиот пехар.

„Не е точно дека сме опседнати со победничкиот пехар. Не е точно дека сме под голем притисок, дека мораме по секоја цена да славиме на престојниот Мундијал. Станува збор за нешто нормално. Така функционираат репрезентативците и фановите на Бразил. Нормално е да се очекува еден таков успех, особено кога играме на домашен терен. Апетитот е многу поголем најмногу поради одличната партија на последниот Куп на Конфедерации. Ја победивме Италија, Уругвај и Шпанија. Тие репрезентации можат да се пофалат со факто дека ја освоиле светската титула. Самодовербата е на највисоко можно ниво. Бразил секогаш игра на победа, на триумф, а сега ја имаме и предноста на домашниот терен”, изјави офанзивниот бек на каталонскиот гигант Барселона.