Американска амбасада: Додик директно го крши Дејтон, САД ќе реагираат

Американската амбасада во Босна и Херцеговина во петокот оцени дека лидерот на босанските Срби, Милорад Додик „заедно со неговите додворувачи“ преземал „директен напад на Дејтонскиот договор“ кога одлучи да го доведе во прашање постојниот изборен систем во земјата и да се обиде да го поткопа нејзиниот сегашен изборен закон.

Реагирајќи на тоа што парламентот на Република Српска, по иницијатива на Додик, усвои предлог-закон според кој ентитетот во иднина самостојно ќе спроведува избори, американската амбасада во посебно соопштение наведува дека ова е обид за узурпирање на овластувањата кои според нив ѝ припаѓаат на државата Босна и Херцеговина.

„Тоа е уште еден пример на деструктивната, антидејтонска политика на Додик“ што стои на патот на евроатлантските интеграции на Босна и Херцеговина„, се вели во реакцијата.

Додаваат дека на овој начин Додик всушност се обидува да ја заштити својата политичка позиција и финансиските интереси, на штета на сите граѓани на Република Српска и БиХ, што САД „нема мирно да го набљудуваат“.

„САД силно го поддржуваат територијалниот интегритет, суверенитет и мултиетничкиот карактер на Босна и Херцеговина и ќе продолжат да ги користат средствата што им се на располагање како одговор на антидејтонските акции“, се вели во соопштението објавено на социјалната мрежа Х.

На седницата на парламентот на Репиблика Српска одржана во четвртокот, покрај повикот за усвојување на ентитетскиот изборен закон, Додик изнесе тврдења дека има заговор против спрскиот ентитет кои го водат САД, Велика Британија и Германија, а тој го прогласи високиот претставникот за БиХ, Кристијан Шмит пион во нивните раце.

Република Српска не го признава назначувањето на Шмит бидејќи тој е поставен на должноста без вообичаената дискусија во Советот за безбедност на Обединетите нации, на што приговараат и постојаните членки Русија и Кина, а Додик го критикува дека со неговите постаки го крши мидоврниот договор од Дејтон од 1995 година со кој беше запрена војната во Босна и Херцеговина.

Додик беше налутен од фактот што претходно оваа седмица Шмит наметна технички измени во изборниот закон на БиХ што, како што тврди Германецот, ќе обезбеди регуларност на изборниот процес. Додик сега бара Шмит да ги повлече овие одлуки во рок од седум дена, како и да бидат протерани американскиот и британскиот амбасадор од Босна и Херцеговина. Исто така, најавува блокирање на одлучувањето во властите во БиХ како и распуштање на актуелната владејачка коалиција во земјата.