Американски адмирал задолжен за Венецуела: Со Русија сѐ е можно

Адмиралот на американската морнарица Крег Фолер, нов шеф на Јужната команда на американската армија, задолжена за операции во Централна и Јужна Америка и на Карибите, изјави дека САД не би требало да исклучат можна руска воена вмешаност во Венецуела.

Во интервју за „Гласот на Америка“ Фолер оцени дека Русија се однесува како „ранета, ослабена мечка“ која се бори против демократските интереси во регионот.

– Мислам дека со Русија се е можно. Видовме што направија во Сирија и мислам дека мораме да бидеме подготвени за се што би можело да се случи во иднина, рече Фолер.

На прашањето што се очекува од него во врска со Венецуела, за какви опции се подготвува Јужната команда на американската армија, Фолер одговори дека се „концентрираат на поддршка за политичко и дипломатско решение“.