Андреј Киска e новиот претседател на Словачка

Словачка вчера го избра својот  нов претседател, познатиот бизнисмен и филантроп Андреј Киска . Со над 59 потсто од гласовите Киска истрча како победник и го порази кандидатот на СМЕР, Роберт Фицо за кој гласаа 40 отсто.

„Тоа што го ветив, ќе го остварам. Ветив дека ќе бидам претседател на сите граѓани, дека ќе ги зближувам луѓето. Ќе застанам зад секој пристоен човек во нашата земја и сакам луѓето да бидат горди на Словачка, да можат да живеат тука и да се чувствуваат добро, им се заблагодари“ Киска на гласачите.

Победникот ќе ја положи свечената обврска на 15-ти јуни, кога на актуелниот претседател од левицата Иван Гашпарович му завршува вториот претседателски мандат.

Киска водеше една од најдолгите и најскапите политички кампањи.