Ангола: Најмалку 225 лица починати од жолта треска

Анголскиот министер за здравство, Луис Самбо соопшти дека најмалку 225 лица починале како последица на инфицираност со вирусот на жолтата треска.

Тој додаде дека досега се регистиррани околу 1.600 заболени од оваа тропска болест.

По средбата со претставници на Светската здравствена органзиација во Луанда, Самбо синоќа изјави дека болеста досега е регистрирани во 16 од вкупно 18-те провинции во Ангола.

– Мораме да го зголемине капацитетот на одговорот, и во врска со технолошките ресурси, како лекови и вакцини, така и со бројот на персонал, додаде Самбо.

СЗО на 18 март соопшти дека од појавата на жолтата треска во Ангола кон крајот на годината, па до средуната на минатиот месец, болеста однела 158 животи.