Анкетарот на СДСМ со своите идеи ја покажа непедагошката свест

Да не се плаќаат сметките за електрична енергија, сметките за радиодифузија, како и неплаќање сметки за мобилните оператори. Ова според поранешниот генерален секретар на СДСМ, екс министер и амбасадор Ѓорѓи Спасов, се чекорите со кои опозицијата ќе ги засилела протестите со „вистински Гандиевски методи, а не само со дискозабави“.

Според познавачите, ваквите идеи на Спасов (кој во последно време е актуелен по тотално промашените анкети на неговата агенција „Рејтинг“), изнесени во неговата колумна објавена во Утрински  весник се тотално ступидни и недораснати.

-Масовно неплаќање на сметки за радиодифузија, неплаќање сметки за струја, неплаќање сметки за мобилните оператори, штрајкови на ниско платените работници во странските компании, протести и блокирање на раскрсниците во време на најголемиот сообраќај, блокирање на влезовите на државните институции и создавање свест дека без согласност на опозицијата Груевски не може да владее, пишува Спасов.

Упатените коментираат дека Спасов со ова ја покажува својата глупост и непедагошка свест.

Оттука, следствено се поставува прашањето: Ако дел од граѓаните би ги послушале повиците на Спасов и не би ги плаќале сметките, дали тој и неговиот постојан поддржувач инаку главен опозициски стратег Бранко Героски  ќе ги покријат сметките и судските трошоци на граѓаните или пак ќе избегаат и ќе се скријат зад Ганди?

Дали Спасов пред да изнесе вакво тврдење и барање се запрашал што мислат десетиците илјадници вработени во овие компании кои чекаат плата за месецот кој со својот труд професионално го одработиле за да ги издржуваат сопствените семејства.

Оние луѓе кои што не би ја добиле платата поради немање на доволно прибрани средства, треба да ја побараат од Спасов и од неговиот пријател Героски.

Според коментарите на социјалните мрежи, оваа идеја на Спасов е најдиотската смислена некогаш и само е израз на неговата непедагошка свест.

Покрај тоа, дополнително како прашање се поставува е тоа дали анкетарот на СДСМ ги знае актуелните рејтинзи и знае како ќе поминат изборите во април догодина, па однапред ја подготвува опозицијата дека не треба да оди на тие избори и да се соочи народната волја?