Антиќ без поени во дуелот со Чикаго

Тимот на Атланта Хоукс  го претрпе 21 пораз на последните 28 натпревари, овој пат од Чикаго  со 105:92 со што му го препушти осмото место на Истокот на Њујорк Никс.

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ, се најде во стартната петорка на “јастербите”, но беше на теренот само 10 минути, период во кој не постигна ниеден поен

Во шестиот тримф во низа на „биковите“ против Атланта, најефикасен беше резервниот плејмејкер Ди-Џеј Аугустин со 23 поени, а покрај него уште пет кошаркари кај победиците ја завршија оваа средба со двоцифрен учинок.

Кај Атланта која по победата на Њујорк над Бруклин го загуби последното осмо место на Истокот кое води во плеофот први стрелци беа Пол Милсап со 22 поени и Џеф Тиг со 21.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.