Апелациониот суд досега ги одбил сите поденсени жалби за мерките

Апелациониот суд ги објави одлуките кои се донесени до понеделникот по жалбите за мерките што им беа изречени на обвинетите во случаите што ги отвори Специјалното јавно овинителство (СЈО).

Според објавените одлуки без пасош остануваат уредникот на телевизијата Сител, Драган Павловиќ Латас, поранешниот вицепремиер за економски прашања, Владимир Пешевски кој заедно со поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски се обвинети за злоупотреба на 150 милиони евра за изградбата на автопатиштата со кинески кредити.

Оваа мерка останува и за вработениот во Министерството за внатрешни работи, Небојша Стојаковиќ, обвинет во случајот „Трезор“, за набавката на опрема за следење преку фирмата „Финзи“. Апелација ја одбила жалбата и на помошникот на министерот во МВР, Ѓоко Поповски.

Мерките за претпазливост остануваат и за Срѓан и Ѕвездан Павловиќ, браќањата на новинарот Павловиќ, обвинети во случајот „Тревник“.

И во понеделникот продолжуват јавните седници по жалбите на обвинетите за случаите на СЈО. Иако за поголем дел од обвинетите СЈО бараше притвор, сепак кривичните совети на сите обвинети им одредија поблаги мерки за претпазливост.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.