Археолог ликвидиран од страна на ИД

Познатиот сириски експерт за антика и археолог, кој воедно е поранешен директор на архитектонско – историскиот комплекс, 82 – годишниот Халед Асад е ликвидиран од страна на ИД, пренесува Танјуг.

Сирискиот археолог Асад, со децении го истражуваше археолошкиот локалитет Палмира, е ликвидиран од џихадистите на Исламска држава (ИД).

Директорот на одделението за антика и музеи на Сирија Мамун Абдулкарим, изјавил дека археологот бил ликвидиран од страна на ИД во Палмира. Џихадистите на ИД, го обесиле подоцна обезглавеното тело на археологот Асад, на еден столб на главниот плоштад на овој антички град.

ИД ги бара познатите складишта со злато

Асад бил грабнат и одведен како заробеник од ИД
Асад бил грабнат и одведен како заробеник од ИД

Асад бил грабнат и одведен како заробеник од припадниците на оваа милитантна сунитска група, пред неколку месеци, кога ИД го зазеде овој археолошки локалитет.

Наводно, припадниците на ИД го киднапирале Асад со цел да дознаат каде се наоѓаат познатите „складишта со злато“.

Категорично тврдам дека такви скалдишта не постојат, додал Абдулкарим.

Абдулкарим изјави дека семејството на 82 годишниот научник, било известено дека џихадистите го убиле со отсекување на главата.

Палмира – „антички бисер“ на Блискиот Исток

Инаку, античкиот град Палмира важи за „античкиот бисер“ на Блискиот Исток и се наоѓа под заштита на УНЕСКО, како еден од локалитетите на светското културно наследство.

Палмира важи за „античкиот бисер“ на Блискиот Исток
Палмира важи за „античкиот бисер“ на Блискиот Исток

Убиениот Халед Асад повеќе од 50 години работеше на ископините од античкиот локалитет, што џихадистите го презедоа од армиските сили на Сирија.

Исламска држава контролора голема територија од Сирија и од Ирак на која прогласи „калифат“. Припадниците на групата ги уништуваат античките споменици на сириската и ирачката територија, но засега не е познато каква е ситуацијата во Палмира.

Сириските владини трупи, на неколкупати се обидоа да ја вратат контролата врз овој локалитет и во преземните операции се развија жестоки борби во околните градови, но џихадистите и понатаму го имаат окупирано ова место.

Инаку ова не е прва егзекуција на ИД во Палмира, повеќе за егекуциите на следниот линк.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.