Авантурата на Џенингс во МЗТ Скопје заврши

Кратката епизода во која Милтон Џенингс беше во таборот на “металците” го дочека својот крај.

Иако поранешниот член на Универзитетот Клемсон беше најавуван како големо засилување, недисциплината и испадите кои ги имаше за време на неговиот престој во шампионот му пресудија многу брзо.

dzenings-print

Дека Американецот е пред заминување беше јасно и во текот на вчерашниот ден, откако тој воопшто не се најде меѓу играчите за пријателскиот натпревар против Кожув, а во текот на денешниот ден повеќе европски кошаркарски медиуми ја пренесоа информацијата дека тој и официјално го напуштил таборот на „металците“.

Раководството на „металците“ има доволно време да ангажира нов кошаркар со кој би се засилила центарската линија. МЗТ Скопје викендов ќе биде дел од турнирот во Куманово каде покрај домаќинот ќе учествуваат и екипите на Фени индустри и на Рилски спортист од Бугарија.

Фото: ekipa.mk

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.