Авганистанка роди во американски авиони при евакуација

Авганистанка се породила во американски авион за евакуација на лет кон американската воена база „Рамштајн“ во Германија, објави во неделата американската армија.

Во текот на летот се комплицирала состојбата на жената, но се поправила откако транспортниот авион од типот „C-17“ летел пониско па се зголемил воздушниот притисок во кабината, објави армијата на Twitter.

Ово маневар ѝ го спасил животот и по слетувањето во Рамштајн, жената со помош на војниците родила девојченце во просторот за товар. Мајката и детето се добро, се додава во објавата.

До саботата вечерта во Рамштајн се пренесени 2.300 евакуирани лица од Авганистан со 17 летови, а во неделата и следните денови се најавени дополнителни летови.

Поранешните соработници на американските и другите странски сили и нивните семејства, кои бегаат од Авганистан во страв од талибаните, се сместени во хангари за авиони во воената воздухопловна база од каде што според најавите ќе бидат префрлени во САД.