Август е месец на запросувањето

Август и официјално е прогласен за месец на запросувањето. Светските статистики покажале дека најмногу понуди за брак има во летниот период, од јуни до септември, а најмногу во август.

Мажите најчесто се одлучуваат да понудат брак додека се на одмор, а фактот е поткрепен со податокот дека во овој месец е забележана 30 отсто поголема продажба на веренички прстени и бурми од вообичаено.