Австралиска компанија повлече во САД 200.000 тестови за коронавирусот

Австралискиот произведувач на медицинска опрема „Elume“ објави дека повлекле речиси 200.000 тестови за коронавирусот во САД, поради зголемување на ризикот за лажно позитивни резултати.

Американската Агенција за храна и лекови (FDA) предупреди во вторникот на „ризикот од лажно позивни тестови за домашна употреба за Covid-19 на компанијата ‘Ellume’, поради неодамна утврден проблем во производството“.

Негативните резултати не се проблематични, се прецизира во соопштението.

Се додава дека FDA соработува со „Ellume“ на дополителни контроли и други мерки за да се гарантира проблемот да биде решен. Според портпаролот на компанијата, станувало збор за 195.000 од 3,5 милиони тестови кои се испратени во САД.

Повлекувањето е одредено по веста за невообичаено високиот процент на лажно позитивни тестови на некои места, прецизираше компанијата во соопштението.

„Го изразувам своите искрени извинувања, и извинувањата од нашата компанија, поради стресот и тешкотиите со коишто се среќавале некои лица поради лажните позитивни тестови“, изјави основачот на компанијата „Ellume“, Шон Персонс.

Производот на компаниjaта „Ellume“ минатата година беше првиот тест во слободна продажба за домашна употреба кој доби авторизација за итно користење во САД.

Компанијата соопшти дека продолжува со дистрибуцијата на тестовите во САД, откако ја утврдила причината за проблемот и спровела дополнителна контрола.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.