Австралиски архиепископ осуден за прикривање сексуална злоупотреба на деца

Австралискиот суд прогласи католички архиепископ за виновен за прикривање на сексуална злоупотреба на деца во 1970-тите.

Филип Вилсон, архиепископот на Аделаида, е најстариот католик во светот кој ќе биде обвинет и осуден за кривично дело.

Според судот, тој ги прикривал злоупотребите на олтарските момчиња од страна на педофилски свештеник колега во Нов Јужен Велс.

За време судењето архиепископот Вилсон негирал дека му било кажано за злоупотребата од страна на некои од жртвите.

Во изјавата издадена од црквата, Вилсон рекол дека е очигледно разочаран од пресудата и ќе ги разгледа неговите правни опции.

Вилсон, минатиот месец, изјавил за локалниот суд во Њукасл, дека немал сознанија за постапките на свештеникот Џејмс Флечер, кои се случувале кога бил помошник свештеник во Мејтланд, 130 километри северно од Сиднеј.

Флечер подоцна беше осуден за девет обвиненија за сексуална злоупотреба на деца во 2004 година, а загина во затвор во 2006 година.

Една од неговите жртви, Питер Кери, пред судот рекол дека детално му ја опишал злоупотребата на Вилсон во 1976 година, пет години по инцидентот.