Автобуска несреќа во Баварија, се стравува дека нема преживеани меѓу 17 исчезнати

Најмалку 31 лице е повредено а уште 17 се водат како исчезнати откако во понеделнкикот утрото автобус се запали на автопат близу градот Минхберг во јужната германска сојузна земја Баварија, но полицијата соопшти оти стравува оти речиси нема преживеани меѓу исчезнатите.

„Имаме малку надеж дека некои од исчезнатте успела да избегаат и во состоба на шок се загубиле и сокриле, но ние сме реални и поаѓаме од тоа дека на крајот ќе мора да соопштиме за многу смртни случаи“, изјавил портпаролот на локалната полиција, Јирген Штадтер за телевизијата N-TV, додавајќи оти се надева дека до крајот на денот ќе го има точниот број смртно настрадани.

Автобусот на автопатот А9 во Баварја во понеделникот утрото се судрил со камион и целосно изгорел. Полицијата во Бајерут соопшти дека во него имало 48 лица и двајца возачи, дека 31 се повредени а 17 се водат како исчезнати.

Голем број возила на итната медицински помош и пожарникари се на местото на несреќата коешто го надлетуваат и неколку хеликоптери. Автопатот е затворен во двата правца.