Азискиот стршлен се појави и во Македонија!

Опасниот азиски стршлен се појави во Кавадарци.

Овој стршлен, кој расте до 6 сантиметри и лета со брзина до 80 километри на час ги убива пчелите, а неговиот убод може да биде смртоносен и за човекот. Инсектот со портокалова боја денеска бил пронајден од страна на семејството Ничкови и тоа во дворот на семејната куќа.

„Неколку минути се обидувавме да го совладаме, но беше бадијала. Изгледаше како да е од гума, повторно успеваше да летне. За среќа, на крај го собравме во пластична кутија“, раскажуваат од семејството Ничкови.

Велат дека добро ги познаваат стршените кои ги има во нашето поднебје. Според нив, овој се разликува од нашите по бојата и лесно може да се препознае, но се прашуваат како дошол до Кавадарци.

Минатата есен беше забележана наезда на стршени кои претходно ги немало во реонот на неготинското село Горни Дисан. По појавата на овој инсект во Тиквешијата оосбено се испаничија пчеларите кои, освен за својата безбедност, стравуваат и за своите пчелни семејства.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.