Бабичка од Скопје со години била тепана од сопругот

Седумдесет и двегодишна бабичка од Скопје со години преживувала семејно насилство. Нејзиниот сопруг постојано психички и физички ја малтретирал, раскажала пред камерата на Канал 5 кутрата жена која побарала идентитетот да и биде сокриен.

Насилството се интензивирало, особено последниве 2-3 години откако се развеле. Таа и понатаму живеела со него во иста куќа, но во различна соба. Избувнува без ништо и ме тепа, раскажува оваа жена за дел од кошмарот што го живеела.

Животот со насилен сопруг и минал во страв и со мака, но сепак би се вратила таму да живее бидејќи нема каде да оди.

-Последен пат била нападната минатиот месец и оттогаш живее со нејзината ќерка која се снаоѓа бидејќи нема свој дом во Скопје. Ќерката која е самохрана мајка раскажа за маките на мајка си. Вели, татко и нејзе ја навредувал и ја бркал, објави Канал 5.

Од МВР за телевизијата велат дека за последниот инцидент што се случил на крајот на јули сопругот добил прекршочна пријава да плати парична казна за нарушување на јавен ред и мир, поточно за малтретирање друг во стан.