Бакир Изетбеговиќ се приклучи на повиците за предвремени избори во Босна и Херцеговина

Доцна синоќа Бакир Изетбеговиќ се приклучи на повиците за предвремени избори во Босна и Херцеговина, пренесе „АФП“.

Изетбеговиќ кој е еден од членовите на трипартитно претседателство во земјата, изјави дека сегашната ситуација може да биде надмината само со одржување на предвремени избори во мај.

Изборниот законик на земјата не предвидува предвремени избори. Токму затоа во вторникот владејачката Социјалдемократска партија поднесе во Парламентот нацрт законски измени. Промената на изборниот законик сепак ќе биде тешка, бидејќи бара консензус меѓу претставниците на трите заедници во земјата .

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.