Балканска работа – Србите се истепаа на прослава

Светските фудбалски шампиони во категорија до 20 години беа спектакуларно пречекани во Белград, но сепак на големата прослава пред градското Собрание претходеше и еден немил настан кој секако остана во фокусот кај нашиот северен сосед.

Додека автобусот во кој беа сместени националните херои се движеше по белградските улици, навивачите кои биле во првите неколку реда пред Собранието направиле непотребен метеж за тоа кој да дојде во подобра позиција, а ситуацијата ескалирала кога неколку од нив почнле да си разменуваат удари и да ја вжештат атмосферата.

За среќа, во близина имало и голем дел свесни љубители на фудбалот кои не дозволиле уште поголем срам кој и вака го пренесоа најголемиот дел од балканските медиуми.