Батон радосен дека Фетел не е конкурент за титулата

Светскиот шампион во Формула 1 од 2009 година Британецот Џенсон Батон (Мекларен) отворено ја искажа радоста што четирикратниот светски шампион во најбрзиот циркус на денешницата Себастијан Фетел, нема да биде најголем фаворит за титулата во новата сезона.

“Мислам дека Ред Бул нема шанси да ја освои титулата во новата сезона. Себастијан Фетел  не е доволно конкурентен за  освојување на нова титула. Тоа што  Фетел не е фаворит за титулата ја прави Формула 1 поинтересна. Ова е добро за  Формула 1. Може би не е добро да се зборува  вака за нив и да се радуваме на нибвните проблеми , но тоа е вистина и не може да не бидеме среќни”, изјави Британецот.

Новата сезона во Формула 1, почнува на 16. март со трката за ГН на Австралија во Мелбурн .

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.