Базар на уметност и занаети по повод Светскиот ден на детето

По повод Светскиот ден на детето – еднаквост и вклученост за секое дете, здружението „Добредојде“ (Macedonia Welcome Centre) одржува Инклузивен базар за уметност и занаети, кој ќе се одржи в сабота – 19 ноември 2022 година, од 11:00 до 18:00 часот во Скопје Мериот Хотел, 2 кат.

– Ајде заедно да го прославиме Светскиот ден на детето – еднаквост и инклузија за секое дете и да ги поддржиме малите бизниси вклучувајќи ги семејствата со деца и лица со посебни потреби. На 20 ноември – Денот на детето, децата ќе се залагаат за порамноправен и инклузивен свет. Намерата на овој промотивен настан е да изгради односи со заедниците кои им помагаат на поединците со различни способности да ги промовираат своите способности за самовработување преку продажба на нивните занаетчиски производи – велат од здружението.

Покрај редовните учесници, годинава на настанот ќе учествуваат и граѓанските организации на родители со деца со посебни потреби и други организации кои работат со лица со посебни потреби. Почесен пoкровител на настанот е Хенрик Маркуш, амбасадор на Република Словачка во Македонија. Проектот е подржан од град Скопје.

По повод Светскиот ден на детето, 2022 година УНИЦЕФ ги повика партнерите и поддржувачите да споделат позитивна порака за еднаквост и инклузија за секое дете.