Бејнс го откачи Јунајтед и потпиша нов договор со Евертон

Менаџерот на Еверон, Роберто Маринез, потврди дека офанзивниот лев бек Лејтон Бејнс, пред неколку часа го потпишал новиот договор кој го обврзува да остане на „Гудисон Парк” до 2018 година.

„Со големо задволство ви соопштувам дека Бејнс и во следните четри сезони ќе го носи дресот на Евертон. Знам колку се среќни клупските челници и колку се среќни најверните фанови на Евертон. Бејнс не е само фудбалер на Евертон. Среќен сум што во следните четри сезони нема да зборам за неговата иднина и нема да давам одговор на секоја трансфер шпекулација. Со право е дефиниран како еден од најдобрите леви бекови на денешницата. Ќе биде дел од престојниот Мундијал во Бразил”, изјави Мартинез.

И покрај потпишаниот договор, англиските медиуми се убедени дека репрезентативецот на Англија може да добие дозвола за промена на клупската средина доколку заинтересираниот клуб испрати официјална понуда не помала од 30 мил. евра.