Германската пратеничка Бек во посета на Македонија

Германската пратеничка Бек денес и утре ќе престојува во посета на Македонија. Пратеничката во германскиот Бундестаг Марилуизе Бек е член на Сојуз 90/Зелени.

Како што соопшти амбасадата на Германија во Македонија пратеничката ќе се информира за проблематиката со бегалците, како и за македонските баратели на азил во Германија.

Германската пратеничка Бек во посета на Македонија
Германската пратеничка Бек во посета на Македонија

Во рамки на посетата планирани се разговори со претставници на Владата и на локалната самоуправа, на УНХЦР, Црвениот крст и невладини организации.

Германската пратеничка Бек ќе го посети и Прифатниот центар во Визбегово, како и дел од јужната граница кај Гевгелија.

Курц во посета на Македонија

Инаку во текот на вчерашниот ден во посета на Македонија престојуваше и австрискиот шеф на дипломатијата Себастијан Курц. Во прифатниот камп во близина на границата со Грција, Курц и министерот за внатрешни работи на Република Македонија Митко Чавков за моментната состојба со мигрантите разговараа со претставниците на УНХЦР и невладините организации кои се вклучени во активностите за олеснување на бегалската криза.

Курц: Ситуацијата во Македонија со мигрантите е драматична, ЕУ мора да помогне!
Курц: Ситуацијата во Македонија со мигрантите е драматична, ЕУ мора да помогне!

При посетата во Гевгелија, двајцата министри направија обиколки на транспортниот центар и граничната линија со Грција како места на кои се собираат бегалците.

Неопходен е заеднички пристап и не смее понатаму да се дозволи во Македонија да влегуваат нерегистрирани мигранти од Грција. Европската унија конечно мора да погледне и на бегалската рута во Македонија, а не само на таа во Италија. Долгорочно решение на проблемот е можно само ако се договорат кризните држави. Во секој случај, Австрија ќе помогне и ќе соработува со македонската Влада, рече Курц.

Министерот Чавков посочи дека само во саботата во Гевгелија се создаде наплив од 8.000 бегалци што претставува една третина од населението на градот.

Со околу 800 припадници на полициските сили и помошта од АРМ успешно се справивме со нив, но ескалацијата од ден на ден е се поголема поради неконтролираниот влез на мигрантите од грчка страна. Наша примарна цел е хуманиот однос и третман кон мигрантите и нивна заштита во трансферот во Македонија. Од безбедносен аспект успеавме да ги заштитиме од организирани групи и криминални мрежи кои ги прифаќаа и нелегално ги превезуваа до Србија, рече Чавков.

Наша проценка, истакна макеоднскиот министер за внатрешни работи, е дека ескалацијата ќе продолжи и дека е нелогично што проблемот ни доаѓа од земја-членка на ЕУ со која немаме никакви контакти во тој дел, поради што очекува конкретна помош од Европската унија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.