Безбедно е истовременото вакцинирање против грипот и Covid-19

Луѓето можат безбедно истовремено да ги примат вакцините против коронавирусот и против групот и тоа не влијае негативно на имуносниот одговор кој го предизвикала едната или другата вакцина, покажува британскот истражување објавено во четвртокот.

Велика Британија и другите земји од северната хемисфера се подготвуваат за тешка зима и можност за раст на бројот на случаите грип со ублажувањето на рестриктивните мерки во справувањето со пандемијата на коронавирусот и со ублажувањето на мерката за физичко и општествено дистанцирање.

Дополнителните дози против коронавирусот во периодов во Велика Британија ги примаат повозрасните и ранливите лица како и здравствените работници, додека владата на премиерот Борис Џонсон годинава ја најави и најголемата програма против грипот во историјата.

Истражувањето, коешто го спроведувал Универзитетот во Бристол, открива дека се пријавените нус-појави обично биле благи до умерени во тестовите со три вакцини против грипот и давањето на вацкините на „Pfizer/BioNTech“ на база на информациската mRNK технологија или на „AstraZeneca“ којашто се темели на традиционалнатa векторска технологија.

„Ова е навистина позитивен чекор кој би можел да значи помалку доаѓања на оние на коишто им се потребни двете вакцини. Резултатот на ова истражување се претставвени на Заедничката комисија за вакцинирање и имунизација (JCVI) и ќе им помогне на креаторите на политиките во планирањето на иднината на овие важни програми за вкацинирање“, вели водечката авторка на студијата, Ражека Лазарус.

Вакцините им биле давани на испитанциите во ист ден во различни раце. Една грипа испитаници примила вакцина против коронавирусот и против грипот при првата посета на лекарот, а плацебо им е даден при втората посета. Другата група, пак, при првата посета добила вакцина против коронавирусот и плацебо, а вториот пат следела вакцината против грип.

Студијата покажала дека 97 отсто од испитаниците рекле дека имале намера да ги примат двете вакцини истовтремено во блиска иднина. Истражувањето опфатило 679 волонтери на 12 локации ширум Англија и Велс, а комплетните резултати ќе бидат објавени во научното списание The Lancet.