Биро за развој на образованието: Химната не е тргната од наставните програмиНе е точно дека изучувањето и пеењето на македонската химна се изоставени од новите наставни програми, велат од Бирото за развој на образованието, по објавите на социјалните мрежи дека химната е тргната од учебниците за основно образование. „Што се однесува до изнесените дезинформации дека изучувањето и пеењето на химната се изоставени од новите наставни програми, за разлика од претходните наставни програми, најодговорно тврдиме дека тоа се невистини и упатуваме, секој што е заинтересиран, да ги погледне и спореди претходните и новите наставни програми“, велат од Бирото. Со химната на Република Северна Македонија, додаваат од таму, учениците се запознаваат уште во прво одделение по наставните предмети Општество и Музичко образование, како и во петто одделение каде јасно стои во наставната програма по Општество дека учениците преку интегрирани активности по Музичко образовани и по Ликовно образование ги изработуваат симболите и ја учат химната на Република Македонија. „Во сите наставни програми по музичко образование и во претходните наставни програми и во новите наставни програми во општите цели за наставниот предмет стои: ученикот/ученичката да пее песни со разновидна мелодиска линија, а во конкретните цели (за одделни наставни часови) да пее песни различни по карактер и содржина на македонски јазик и јазиците на народите кои живеат во нашата земја, што остава слобода на наставникот во зависност од контекстот, времето на изведување на наставата, корелацијата со други предмети (поврзано со државни празници, патрони празници итн.) да ја изведува со учениците химната на државата и/или други свечени песни“, се вели во соопштението од Бирото за развој на образованието. Од таму велат дека оваа година Бирото изготвило нови наставни програми по наставниот предмет Музичко образование за шесто, седмо, осмо и деветто одделение, бидејќи сметале дека токму преку музиката, преку слушањето и интерпретирањето на песни од сите заедници што живеат во нашата држава, покрај изучувањето на музиката и творештвото на светските класици, ќе успеат да ги зближат учениците, да се запознаваат со вредностите и традициите на различните заедници и култури и така да живеат и учат заедно. „Она што е новина и она на што инсистиравме при изработката на овие програми, за разлика од досега, е тоа јасно и недвосмислено да биде застапен и препознаен мултиетничкиот карактер на македонското општество. Учениците да слушаат и учат македонски, албански, турски, српски, ромски, влашки, босански песни. Преку избраните песни на овие народи да учат за сопствената, но и за културата, традициите и обичаите на другите. На тој начин, учениците стануваат свесни дека убавината на нашата држава лежи во различностите, во сплетот на култури, претставени, покрај другото, преку различниот фолклор, песни и ора“, велат од Бирото за развој на образованието. Од таму напоменуваат дека не се надлежни за издавањето и печатењето на учебниците, туку се вклучени само во делот на давање мислење за усогласеност на учебниците со наставната програма. „Како ќе изгледа определен учебник, дали и кои песни ќе ги понуди авторот за постигнување на определени резултати (освен оние предвидени со наставната програма) е слобода на авторот и зависи од неговата умешност и креативност во пишувањето на учебник и избор на соодветни музички творби. Токму затоа, уште еднаш, истакнуваме дека изработката на новите наставни програми нема никаква поврзаност, ниту „умисла“ да се отстрани химната од наставните програми, туку и понатаму останува како и до сега таа да се изучува во основното училиште и да се изведува кога тоа го бара наставната програма или во различни свечени пригоди во училиштата“, се вели во соопштението на в.д. директорот на Бирото за развој на образованието, Зеќирија Хасипи.

Не е точно дека  изучувањето и пеењето на македонската химна се изоставени од новите наставни програми, велат од Бирото за развој на образованието, по објавите на социјалните мрежи дека химната е тргната од учебниците за основно образование.

„Што се однесува до изнесените дезинформации дека изучувањето и пеењето на химната се изоставени од новите наставни програми, за разлика од претходните наставни програми, најодговорно тврдиме дека тоа се невистини и упатуваме, секој што е заинтересиран, да ги погледне и спореди претходните и новите наставни програми“, велат од Бирото.

Со химната на Република Северна Македонија, додаваат од таму, учениците се запознаваат уште во прво одделение по наставните предмети Општество и Музичко образование, како и во петто одделение каде јасно стои во наставната програма по Општество дека учениците преку интегрирани активности по Музичко образовани и по Ликовно образование ги изработуваат симболите и ја учат химната на Република Македонија.

„Во сите наставни програми по музичко образование и во претходните наставни програми и во новите наставни програми во општите цели за наставниот предмет стои: ученикот/ученичката да пее песни со разновидна мелодиска линија, а во конкретните цели (за одделни наставни часови) да пее песни различни по карактер и содржина на македонски јазик и јазиците на народите кои живеат во нашата земја, што остава слобода на наставникот во зависност од контекстот, времето на изведување на наставата, корелацијата со други предмети (поврзано со државни празници, патрони празници итн.) да ја изведува со учениците химната на државата и/или други свечени песни“, се вели во соопштението од Бирото за развој на образованието.

Од таму велат дека оваа година Бирото изготвило нови наставни програми по наставниот предмет Музичко образование за шесто, седмо, осмо и деветто одделение, бидејќи сметале дека токму преку музиката, преку слушањето и интерпретирањето на песни од сите заедници што живеат во нашата држава, покрај изучувањето на музиката и творештвото на светските класици, ќе успеат да ги зближат учениците, да се запознаваат со вредностите и традициите на различните заедници и култури и така да живеат и учат заедно.

„Она што е новина и она на што инсистиравме при изработката на овие програми, за разлика од досега, е тоа јасно и недвосмислено да биде застапен и препознаен мултиетничкиот карактер на македонското општество. Учениците да слушаат и учат македонски, албански, турски, српски, ромски, влашки, босански песни. Преку избраните песни на овие народи да учат за сопствената, но и за културата, традициите и обичаите на другите. На тој начин, учениците стануваат свесни дека убавината на нашата држава лежи во различностите, во сплетот на култури, претставени, покрај другото, преку различниот фолклор, песни и ора“, велат од Бирото за развој на образованието.

Од таму напоменуваат дека не се надлежни за издавањето и печатењето на учебниците, туку се вклучени само во делот на давање мислење за усогласеност на учебниците со наставната програма.

„Како ќе изгледа определен учебник, дали и кои песни ќе ги понуди авторот за постигнување на определени резултати (освен оние предвидени со наставната програма) е слобода на авторот и зависи од неговата умешност и креативност во пишувањето на учебник и избор на соодветни музички творби. Токму затоа, уште еднаш, истакнуваме дека изработката на новите наставни програми нема никаква поврзаност, ниту „умисла“ да се отстрани химната од наставните програми, туку и понатаму останува како и до сега таа да се изучува во основното училиште и да се изведува кога тоа го бара наставната програма или во различни свечени пригоди во училиштата“, се вели во соопштението на в.д. директорот на Бирото за развој на образованието, Зеќирија Хасипи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.