Битолско: Арамија избегал со евра, долари и накит

Арамија испразни куќа во битолско, украл пари, накит и воздушна пушка.

Евра, долари, накит и пушка украде арамија од куќа во битолското село Бистрица.

Тешка кражба се случила вчера во домот на 58-годишниот Д.Ј. во битолското село Бистрица. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, арамијата со погодел алат насилно ја отворил вратата и влегол во куќата. Откако ги пребарал собите украл 2.450 долари, 1.400 евра, златен накит и воздушна пушка.

Со плен од околу 3.500 евра арамија избегал во непознат правец. Полицијата работи на расчистување на случајот.