Блажиќ го раскина договорот со Звезда, продолжува во Бешикташ

Блажиќ го раскина договорот со Звезда, продолжува во Бешикташ

Кошаркарот кој на Европското првенство настапи и против Македонија, ги заврши настапите со својата репрезентација во осминафиналето каде Словенија загуби од Летонија.

Веднаш потоа Блажиќ замина во Белград, каде го раскина договорот со “црвено-белите”, а својата кариера ќе ја продолжи во Турција, односно во тимот на Бешикташ. Од таборот на Звезда му посакаа се најдобро и многу успех во својата нова авантура.

Блажиќ во Звезда пристигна во 2013 година и благодарение на неговите одлични партии стана миленик на “Делиите”. За две минати сезони во Белград, тој освои шампионски титули во српската лига, Купот на Србија и АБА-лигата.