Блогерка која измисли предци настрадани во Холокаустот најдена мртва

Германската историчарка и блогерка Мари Софи Хингст, која измисли еврејските предци, коишто наводно настрадале во Холокаустот, е најдена во нејзиниот дом во Даблин, објави во понеделникот iLaw Journals University News.

Полицијата не нашла траги од насилство. Мајката на Хингст смета дека нејзината ќерка, чие безживотно тело е најдено во нејзиниот кревет, извршила самоубиство. Разултатот од аутопстијата сѐ уште не се познати.

Мари Софи Хингст стана широко позната по серијата објави за своите еврејски предци, од кои повеќето наводно загинале во текот на Холокаустото. Во 2017 година, таа го доби признанието „Блогер на годината“.

Подоцна се покажа дека нејзините предци биле обични германски протестанти, Исто така, се покажа дека не само што ги измислала приказните, туку у составила листа од 22 непостоечки жртви на Холокаустот во меморијалниот центар „Јад Вашем“ во Ерусалим.

Хингст го призна фалсификатот, обајснувајќи ги своите постапки како последица од депресија, којашто започнала откако се преселила во Даблин. Непосредно пред својата смрт, таа имаше интервју за весникот The Irish Times, во коешто вели дека по разобличувањето на нејзините измислици се чувствувал како стереана во ќош.