Бодe Милер нема да брка медал во слалом

Најдобриот американски скијач Боде Милер нема да настапи на слаломската трка на Зимските олимписки игри во Сочи.Американецот оваа информација ја потврди на својот блог, а причината е повредата на коленото.

Милер има болки во коленото кое го оперираше минатата година и не сака да ризикува обновување на повредата со евентуален настап во слаломот, каде реално нема големи шанси за да стигне до медал.

Четирикратниот светски шампион освои бронзен медал во супервелеслалом, а со оглед на неговите 36 години, ова ќе бидат и негови последни Зимски олимписки игри на кои настапува како активен натпреварувач во алпскло скијање.