Бока Јуниорс на суд во Мадрид ја бара титулата на Јужна Америка

Во Мадрид во вторникот започна судењето на коешто аргентинскиот фудбалски клуб Бока Јуниорс ја бара титулата шампион на Јужна Америка иако перс шест месеци беше поразан во финалето од најголемиот ривал Ривер Плејт.

Двата аргентински клуба одиграа 2:2 во првиот натпревар од финалето на Копа Либертадорес на стадионот на Бока Јуниорс. Меѓутоа, во пресрет на реваншот кај Ривер Плејт, навивачите на домашниот клуб го нападнаа автобусот со гостинските играчи, па мечот од безбедносни причини беше суспендиран и преместен на мадридскиот стадион „Сантијаго Бернабеу“, на кој на 9-ти декември Ривер Плејт победи со 3:1.

Бока уште на 24-ти ноември, веднаш по нападот врз нејзините играчи, вложи жалба пред јужноамериканската фудбалска федерација CONMEBOL кој одреди возвратниот дуел да се одигра во Европа. Клубот потоа се жалеше и пред Спортскиот арбитражен суд (CAS), чиешто седиште е во швајцарскиот град Лозана, задолжен за споровите во сферата на спортот.

Рочиштата се одржуваат во Мадрид во вторникот и среда во седиштето на шпанската Ла Лига, организаторот на шпанското фудбалко првентво. Таму ќе се појават бројни сведоци на двете страни во спорот, како и адвокатите и претставнците на двата најголеми клуба од Буенос Аирес.

Бока Јуниорс тврди дека им припаѓа титулата победник Копа Америка, бидејќи, како што истакнуваат, натпреварот автоматски требало да биде регистриран со нивна победа поради бруталниот напад врз играчите. Бараат и паричен надомест, и тоа не само поради директна штета, туку и поради пропуштената заработка од губењето на титулата јужноамерикански првак. Имено, доколку победеа ќе настапеа на Светско клупско првенство и во јужмоамериканскиот суперкуп. Бараната сума би можела да надмине 10 милиони американски долари, проценува аргентинскиот весник Clarin.

Ривер Плата пак, тврди дека не е одговорен како клуб за безбедноста околу својот стадионт, туку дека тоа била задача на полицијата, односно на министерството за внатрешни работи. Од клубот истакнуваат дека и веќе се казнети со тоа што реваншот не го играа пред својата публика, туку во Мадеид. Додаваат ид ека организаторот на натпреварувањето CONMEBOL, однсно неговиот дисциплински и апелациски суд веќе пресудиле во полза на Ривер, како и дека за победникот се одлучуваше на теренот на „Сантијаго Бернабеу“.

Вока истоврмено се повикува на случен случај од пред четири години. CONMEBOL, чиешто седиште е во Парагвај, имено во 2015 година ги исфрли Бока Јуниорс од осминафиналето на Копа Либертадорес по нападот на нејзините навивачи врз играчите на Ривер. Нападот тогаш се случи во тунелот од стадионот на Бока пред почетокот на второто полувреме при резултат 0:0. Тогаш натпреварот беше суспендиран. Бока покрај тоа беше казнета и со четири меѓународни натпревари да ги игра пред празните трибини на својата „Ла Бомбонера“, и со парична глобаод 200.00 долари. Ривер, кој славеше во првиот меч со 1:0, тогаш се пласираше во четвртфиналето а два месеца потоа и го освои натпреварувањето.