Бомбач од наредната сезона во Пик Сегед

Словенечкиот ракометен репрезентативец Деан Бомбач од наредната сезона ќе го носи дресот на унгарскиот Пик Сегед.

Унгарскиот вицешампион потпиша двегодишен договор со играчот на веќе пропаднатиот белоруски шампион Динамо (Минск). Бомбач (25) моментално го одработува договорот со францускиот Аикс, за кој потпиша до крајот на сезонава по пропаѓањето на Динамо (М).

Бомбач стана познат откако во 2012 година со тимот на Цимос Копер стигна до четвртфиналето во Лигата на шампионите.