Бонус од 5 отсто со Американ Експрес на бензинските станици ОКТА

Со новата летна кампања на Силк Роуд Банка АД Скопје и Окта АД – Скопје, корисниците на Американ Експрес картичките, имаат можност да добијат 5 отсто бонус со секое купување во бензинските станици со брендот ОКТА. Заедничката кампања „Твој Бонус” ќе трае во текот на месеците јули, август и септември.

Со секоја направена трансакција со Американ Експрес картичките на сите бензински станици со брендот ОКТА низ Македонија, на корисниците им се одобрува бонус од 5 проценти од износот на направената трансакција. Максималниот месечен износ за кој важи бонусот од 5 отсто е до 6.000 денари. На месечните трансакции со кои се надминува овој износ, ќе биде одобрен поврат на средства по стапка од 2,5 отсто.

Доколку сеуште немате аплицирано за Американ Експрес картичка, истото можете да го сторите во експозитурите на банката или на веб страницата www.silkroadbank.mk. Во претстојниот период уживајте во вашите летни одмори и безгрижно патувајте со картичките на Американ Експрес и горивата на ОКТА.