Борци на ИД од Мосул и се закануваат на САД со пораз во Ирак

мосул

Мосул е последното големо утврдување на џихадистите во оваа земја, а во нивни раце е од 2014 година.

Видео снимката е емитувана од пропагандната агенција на ИД, Амак. Според Амак, во неа се гледа како борците на ИД патролираат низ улиците на Мосул.

Еден од овие маскирани борци им ветува пораз на Американците во Ирак, кои ја предводат меѓународната коалиција за помош на ирачките сили во борбата со ИД.

– А тебе, Америко, се колнам во Алах, дека ќе те победиме во Ирак и ќе те избркаме победена и понижена од оваа земја, изјави маскираниот маж.

Тој потсети дека редица високо позиционирани лидери на ИД, убиени во американските воздушни напади, како Абу Мохамед ал Аднани, веќе на САД и ветуваа слична судбина.

Операцијата за ослободување на Мосул, што почна вчера, изнедри стравувања за хуманитарна катастрофа за локалното население, но и демотивирање на џихадистите, особено оние од странско потекло.

Загубата на Мосул ќе биде тежок удар за ИД, која во 2014 година од овој град го прогласи калифатот врз териториите под нејзина контрола во Ирак и Сирија, зебележаа француските медиуми

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.