Бошњаците во Србија ќе ги менуваат презимињата

Бошњаците од Санџак ќе почнат да ги отстрануваат „наметнатите додавки -виќ и -иќ“ од своите презимиња, најави претседателот на Бошњачкиот национален совет во Србија, Есад Џуџевиќ.

Џуџевиќ изјавил дека во последните сто години, откако Санџак е дел од Србија и Црна Гора, на Бошњаците „насилно им биле менувани презимињата“ со вметнување додавки.

Според него, промената на бошњачките презимиња претставува „долгорочен национален проект од исклучително значење“.