Браковите без секс во Јапонија се нормална работа – еве зошто!

Најнова студија открива дека во половина од склучените бракови во Јапонија брачните партнери речиси воопшто немаат секс. Во земјата во која и без тоа се раѓаат малку деца, фрапантен е и податокот за бројот на возрасни жени и мажи кои воопшто немале сексуално искуство – открива студијата на Асоцијацијата за семејно планирање во Јапонија.

Студијата е направена врз основа на анкетирање на 655 мажи и жени во брак на возраст од 18 до 49 години, есента во 2016 година. Според студијата, 47,3% од мажите и 47,1 % од жените изјавиле дека последниот месец немале секс со брачниот партнер, што одговара на официјалниот критериум за тоа што истражувачите го нарекуваат – брак без секс.

Image result for japan marriage

На истото прашање во анкетата во 2004 година само 31,9% изјавиле дека се во брачна заедница без секс.

– Тенденцијата да се биде во брак без секс пораснала.  За 2,6% пораснал бројот на бракови без секс дури и во споредба со анкетата од 2014 година – изјави за јапонските медиуми претседателот на Асоцијацијата за семејно планирање, Кунио Китамура.

Кога анкетираните биле прашани да ги објаснат причините зошто немаа секс, 35,2% од мажите изјавиле дека биле преморени поради работата, а пред две години таков одговор дале само 21,3%. 12,8% изјавиле дека на сопругата гледаат како на член на семејството а не како на сексуален партнер.

– Ова е прв пат кога 30% од жените изјавуваат дека се премногу изморени од работа за да имаат секс. Не е доволно да се ревидираат работните часови туку и тоа како луѓето работат – вели Китамура.

Меѓу жените, 22,3% рекле дека „сексот е премногу напорен“ а 20,1 % изјавиле дека нивната сексуална активност исчезнала по раѓањето на детето.

Студија спроведена од истата Асоцијација минатата година покажува дека 43% од Јапонците кои не се во брак (мажи и жени) на возраст од 18 до 34 години се’ уште немале секс.

Јапонија е меѓу земјите со најнизок фертилитет. Ако продолжат овие трендови, се очекува популацијата во Јапонија од 127 милиони до 2060 година да падне на 86 милиони.

Владата на Шинзо Абе се обидува да ја промени оваа состојба – се прават напори да се смени културата на претерано работење во земјата, и се најавува изградба на повеќе градинки за мајките да можат и по породувањето да продолжат на работа, а децата да им бидат згрижени.

Но, проблемот е подлабок. И покрај напредувањето на земјата, браковите се’ уште остануваат традиционални. Дури една третина од браковите во Јапонија се однапред договорени, а од жените се очекува кога ќе добијат дете да останат дома и да не одат на работа.

Два феномени се особено сериозен показател на големината на проблемот – тоа се двата типа на однесување наречени „отаку“ и „хикикомори“.

Првиот  „отаку“ начин на однесување го практикуваат луѓе опседнати со компјутерски игри и стрипови кои избегнуваат вистинскиот живот и  „хикикомори“ – луѓе кои се изолираат од општествениот живот и престојуваат само во своите домови. И покрај тоа што многу напишано за овие феномени,  не е јасно дали овие појави се причините или само симптоми на сексуалната апстиненција во Јапонија.