Братушек: Дополнителни средства за борба против корупцијата

Премиерката на Словенија Аленка Братушек, денеска ветила дека нејзината Влада ќе продолжи да се бори против корупцијате и дека ќе обезбеди додатни средства за таа цел.

На состанокот со претставниците одговорни за борпата против корупцијата, вклучувајќи ги и министрите за внатрешни работи и полиција и претставниците на судствата и обвинителставата, Братушек нагласила дека борбата против корупцијата и понатаму останува приоритет на нејзината Влада.

Премиерката нагласила дека и покрај напредокот на ова поле, Словенија ја чека уште многу работа.

Овицијалните претставници во рок од една недела ќе ја известат премиерката за сретствата што им се потребни да ја подобрат својата работа, како што се кадровските засилувања и дополнителното финансирање.

Иако државниот буџет е веќе освоен, Братушек ветила дека Владата ќе издвои од резервните средства за дополнително финансирање на овој сектор, пренесуваат локалните медиуми.