Бугарка фатена како краде на пазарот во Шутка

СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.О.Г.(61) од Пловдив -Република Бугарија, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „кражба“ за  што од страна на судија  на  претходна постапка  одредена и е мерка  притвор  во траење од осум дена.

-Имено на 14.03.2015 година околу 11.30 часот пријавената на улица ,,Индира Ганди“ на пазарот лоциран во населба Шуто Оризари ја искористила гужвата како и невниманието на оштетената, и со протнување на рака во чантата го украла нејзиниот паричник во кој имало лични документи, информираат од полицијата.

Откако ја прегледала содржината на украдениот паричник истата се обидела да го фрли во канта за отпадоци, но била забележана од полициските службеници од Отсекот за џебни кражби и приведена во ПС ОН Чаир каде што со потврда е одземен украдениот паричник и истиот е вратен на оштетената.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.