Бугарки краделе од муштерии во трговски центар во Скопје

Полицијата поднесе кривична пријава против три бугарски државјанки за кражби на муштерии во продавници во трговски центи во Скопје, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 135.000 денари. На две од пријавените судија на претходна постапка им одреди притвор од осум дена, а третата која е малолетна е протерана со двегодишна забрана за влез во Македонија, соопшти денеска МВР.

Кривичната пријава е поднесена против Н.Е.И. (23) и Р.Д.Г. (67) и едно лице на возраст од 17 години. Кривичните дела ги извршиле на 23-ти, 24-ти и 25-ти минатиот месец, во три бутици во три трговски центри во Скопје. Притоа сите се извршени на идентичен начин, искористувајќи го невниманието на оштетените, малолетничката со протнување рака во нивните ташни кои ги носеле на рамо им ги крадела паричници, додека Н.Е.И. чувала стража, а Р.Д.Г стоела надвор и со неа ги делеле парите.

Од страна на Полициските службеници од Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција Центар и Бит Пазар, преземен е  видео материјал од безбедносните камери поставени во бутиците. На 25-ти минатиот месец околу 15,00 часот на ул. „Никола Карев“ во непосредна близина на Транспортниот центар – Скопје малолетничката и Н.Е.И. биле забележани од полициски службеници и биле приведени. Во Полициската станица Центар бил извршен разговор со Н.Е.И и притоа таа го појаснила начинот на извршувањето на кривичните дела и посочила дека Р.Д.Г со автобус веќе се упатила кон граничен премин Деве Баир. Со телеграма биле известени службениците на ГП Деве Баир, по што автобусот со кој патувала осомничената бил запрен, а таа проведена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.