Бунт и пожар во полициска станица на Венецуела, најмалку 68 загинати

Најмалку 68 лица загинале во бунт на десетици затворeници откако избувнал пожар во главната полициска станица во Валенсија, град на северот од Венецуела, објавија обвинителството и очевидци.

Пренатрупаноста на затворите во Венецуела ги принудува силите за воспоставување на редот да ги користат полициските станица за подолгите притвори, додека според законот притвоrот не може да трае повеќе од 48 часа во полициска станица.

„Соочени со страшните настани кои се случија во главната полициска станица во сојузната држава Карабобо, каде во наведен пожар загинале 68 лица, именувавме четворица иследници да разјаснат што се случило“, изјави главниот обвинител Тарек Вилијам Сааб на Twitter.

Според првите податоци на истрагата, 66 мажи загинале, како и две жени кои биле во посета на притворени лица, додава Сааб.

На објавените снимки може да се видат повеќе десетици лица собрани пред полициската станица кои бараат информации и жени кои плачат, додека полицијата фрла солзавец за да ги растера.

Обвинителот изјави дека министерството има намера „итно да ги разјасни овие болни настани кои завија во црно венецуелски семејства и да ја утврди одговорноста“ за настанот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.