Цели 26 години од обединувањето на Германија

На 3 октомври 1990 година пет провинции од поранешната (Источна) Демократска Република Германија – Бранденбург, Мекленбург-Предна Померанија, Саксонија, Саксонија-Анхалт и Турингија, влегоа во составот на (Западна) Сојузна Република Германија.

Главните прослави оваа година се организирани во Дрезден, административниот центар на Саксонија, на кои ќе присуствуваат германската канцеларка Ангела Меркел, шефот на државата Јоахим Гаук и други високи претставници.

За безбедноста во Дрезден се ангажирани околу 2.600 полицајци. Безбедносните мерки се зајакнати по двете експлозии, кои минатата недела го потресоа градот.

Во рамки на празнувањето во Германија е организиран и т.н. Ден на отворена џамија. Околу 1.000 џамии ширум земјата ги отворија вратите за сите оние кои сакаат да се запознаат со животот и културата на муслиманите. Властите ги повикаа Германците да го искористат овој ден за надминување на исламофобијата.