Чавушоглу: Анкара не сака проблеми со Вашингтон

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу изјави вчера дека Турција не сака да има проблеми со САД.

И двете земји лесно би можеле да ги решат своите несогласувања, но не со актуелниот пристап на САД, рече Чавушоглу.

Анкара влезе во конфликт со Вашингтон  уште по неуспешниот обид за пуч во 2016 година за кој го обвини дисидентот,  муслиманскиот проповедник, Фетулах Ѓулен чија екстрадиција ја бара.

Односите уште повеќе се заострија кога Анкара деновиве ја отфрли жалбата на американскиот свештеник Ендрју Брансон, обвинет дека ги помагал пучистите, да го ослободат од притвор. Непосредно по тоа САД двојно ги зголеми тарифите за одредени турски произоди, што дополнително ја намали вредноста на лирата.

Турција возврати со иста мерка, а вчера министерот за финансии на САД, Стивен Мнучин изјави дека Америка подготвува нови санкции проитв Анкара ако Брансон не биде ослободен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.