Четвртфинале на ЛШ: Реал кај Челси, Ливерпул ѝ гостува на Бенфика

Во четвртфиналето од Лигата на шампионите ќе се сретнат Челси – Реал Мадрид, Манчестер Сити – Атлетико Мадрид, Вилјареал – Баерн Минхен, Бенфика – Ливерпул.

Четвртфиналето започнува на 5 април кога ќе се играат два натпревари, а ден подоцна уште две.

Актуелниот шампион на Европа, Челси во првиот натпревар ќе го пречека Реал Мадрид, додека Атлетико првиот натпревар ќе го одигра на гостувањето кај Сити. Ова се двата големи дерби натпревари, додека во останатите натпревари се знаат фаворитите.

Победникот од дуелот Челси – Реал ќе го угости победникот од дуелот Сити-Атлетико. Подобриот од натпреварот Бенфика – Ливерпул, во полуфиналето ќе биде домаќин на победникот од натпреварот меѓу Виљареал и Баерн.

Првите натпревари од полуфиналето се играат на 26-ти и 27-ми април, реваншите на 3-ти и 4-ти мај, а финалето е закажано во Париз на 28-ми мај.