Чичарито чека абер од Манчестер

Мексиканскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Хавиер Хернандез-Чичарито, откри дека очекува некоја поконкретна информација околу тоа дали и во новата клупска сезона ќе престојува на “Олд Трафорд” или ќе мора да ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок.

“Поконкретна информација околу мојата иднина можно е да добијам веќе утре, за некоку дена или за три месеци. Ништо не знам, можно е да останам на “Олд Трафорд”, можно е Јунајтед да ме продаден на некој друг клуб. Јас сум со репрезентацијата на Мексико, ги одработувам последните подготивки пред стартот на Мундијалот во Бразил. Целосно сум фокусиран на мојата репрезентација, а мојот агент разговара со клупските челници на Манчестер Јунајтед”, изјави Чичарито.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.