Чилиманов: Заев е единствен политичар кој смета дека украинското сценарио е добро

дуи

Новинарот и аналитичар, Цветин Чилиманов за ТВ Нова вели дека Зоран Заев две години по Мајдан е единствениот политичар кој ја споменува Украина како позитивен пример.

Протестите и она сценарио кое беше спроведено во Украина на државата и донесе војна, илјадници убиени, раселени се на сметка на лични интереси и богатења на една политичка гарнитура, анализира Чилиманов.

-Во случајот на Украина нејзината европска перспектива беше прекината пред неколку дена, и беше скратено ветувањето кое и беше дадено, потсетува Чилиманов и додава дека после ова Зоран Заев да каже дека украинското сценарио е нешто позитивно е неодговорно и лицемерно.

Чилиманов вели дека не сака да мисли на можните последици од украинско сценарио во Македонија.

-Ние сме меѓуетничка држава, која до „вчера“ имаше војни и имаме нови проблеми кои не сме ги планирале како што се радикален ислам, маси на бегалци кои лесно можат да бидат манипулирани и искористени. Страв ми е да помислам на се што може да ни се случи, вели Чилимамов.

Тој потсетува дека Заев дава двојни и лицемерни изјави, најавувајќи украинско сценарио од една страна а од друга страна вели дека народот сам излегол, кога е јасно дека демонстрантите се организирани од СДСМ и од НВО финансирани од СОРОС.

-Тоа не е добитно сценарио. СДСМ мобилизира граѓани кои видовме дека ја запалија канцеларијата на претседателот која се наоѓа во стамбена зграда во која живеат луѓе и деца. Нормални и здрави луѓе кога го гледаат тоа се револтирани. Гледавме и закани кон полицијата со пораки да им се повтори Куманово, вели Чилиманов.

На протестите во организација на СДСМ и СОРОС се забележуваат луѓе кои се насилни, политички радикални и не се срамат да го покажат тоа.