Чипс од рерна со вкус на пармезан

Ако сакате да пробате домашен чипс кој содржи премногу маснотии, а воедно мошне лесно и брзо се подготвува, тогаш еве еден интересен рецепт.

Состојки

4 поголеми компири

1 лажица стопен путер

3 лажици рендан пармезан

Прстофат мелена пиперка

Сол и бибер по вкус

Подготовка

  1. Излупете го компирот и исечете го на тенки кругчиња. Прелијте ги со стопениот путер и наредете ги на плех обложен со хартија за печње. Врз компирите истурете пармезан, пиперка, сол и бибер.
  2. Испечете го чипсот во рерна загреана на 220 степени додека не порумени, околу 20 минути.