Чиро Имобиле се судри со трамвај во Рим, има скршени ребра

Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле, завршил во болница откако со својот теренски автомобил се судрил со трамвај во Рим, објави клубот на својата веб-страница.

Според најновите информации, тој има скршени ребра и ќе мора да остане на мониторинг некое време. Во сообраќајката имало и други повредени, но никој не е во животозагрозувачка состојба.

Имобиле оваа сезона одигра 30 натпревари за Лацио во сите натпреварувања и постигна 12 гола, а имаше и пет асистенции.