Членството на СДСМ од Виница колективно му откажа љубов на Заев

Опозициската СДСМ и нејзиниот лидер Заев остана без огранок во Виница по едногласната колективна оставка на раководството и членството на ОО на СДСМ од овој град, пишува порталот Журнал.нет.

Ова е соопштението што беше објавено сношти вечерта на официјалната фејсбук страница на СДСМ Виница, а беше споделено и на официјалниот профил на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Ви го пренесуваме соопштението во интегрална форма:

„ОО на СДСМ Виница си дава неотповиклива оставка и преминува во партијата на Павле Трајанов-Демократски сојуз, по претходни преговори. Крајно разочарани од предавничкото однесување на нашиот претседател Зоран Заев, кој наместо да оддаде почит на загинатите полицајци, тој отиде во Куманово, да се слика со терористите и со оние УЧК, кои им даваа поддршка и пукаа на полицијата. Со неговото срамно, предавничко и понижувачко однесување направи таков револт кај граѓаните на Виница, што сега сите плукаат по нас. Не можеме на улица од срам да излеземе, камоли избори да тераме. Навистина е срамно и лудо да се следи ваков човек, кој оди од гаф во гаф. Затоа, оваа одлука за напуштање на СДСМ ја донесовме едногласно со целото раководство и членство во Виница. Ги повикуваме и другите ОО да го сторат истото, до смена на Зоран Заев од претседател на СДСМ. За доброто на СДСМ, ве молиме да ја оправдате нашава одлука.“

Нетпрес се обиде да земе изјава од портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, во врска со ова, но тој не одговараше на нашите телефонски повици.

sdsmVinica(1)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.